01 Мај, 2024
0.0492

Маж во Гвинеја почина од вирус сличен на ебола, СЗО бара брзо да се запре ширењето

Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај на исклучително смртоносен вирус Марбург, што е сличен на ебола. Ова го потврдија од Светската здравствена организација. 

Пациентот е лекуван во локалната болница кога неговата состојба одеднаш се влошила, по што тој починал. Во моментов се работи на пронаоѓање на неговите контакти во делот на земјата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска со цел да се запре ширењето на вирусот.

„Вирусот Марбург има голем потенцијал за ширење, што значи дека мора да го запреме што е можно поскоро“, изјави регионалниот директор на СЗО за Африка, Матсидисо Моети.

Првиот случај во Гвинеја беше потврден минатата недела, само два месеци откако земјата прогласи крај на епидемијата на ебола, од која годинава починаа 12 луѓе.

Првпат Марбург е идентификуван во Западна Африка, а од 1967 година од овој вирус имало 12 големи епидемии, претежно во Јужна и Источна Африка. Стапката на смртност од Марбург варираше од 24 до 88 проценти во минатите епидемии, во зависност од видот на вирусот и управувањето со кризи.

Вирусот се пренесува преку крв и секрети. По инкубацијата, која може да трае до шест дена, болеста започнува со висока температура, болки во мускулите и општа слабост, што доведува до големо оштетување на органите и е со честа смртност. 

Над 200 луѓе починале од појавата на вирусот Марбург во Ангола во 2005 година, пишува Би-би-си.

foto AP

Можеби ќе ве интересира

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18