МАСКИ, ТЕСТОВИ, СКАФАНДЕРИ: Донација на медицинска опрема од Турција
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Април, 2020
Владата на својата 37- ма седница го утврди текстот на договорот меѓу Република Северна Македонија и Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменета за здравствениот сектор.
Таа се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови.