17 Мај, 2024
0.0331

Мартинка долга 17 километри од Гинис пристигна на меѓународна изложба во Скопје

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Мартинка долга 17 километри, која што е запишана во Гинисовата книга на рекорди, денес беше изложена во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, како дел од меѓународната изложба на мартинки што ја организира Центарот за научно истражување на промоција на културата „Хаемус“ од Скопје во соработка со културни институции од Бугарија, Романија и партнери од Србија.

Izlozhba na martinki 1

Изложбата на мартинки ќе трае до 9 март и се организира по повод меѓународната апликација во УНЕСКО за признавање на овој традиционален украс како нематеријално светско културно наследство. Оваа апликација во УНЕСКО заеднички ја поднесe Република Македонија, во партнерство со Бугарија, Романија и Молдавија.

Izlozhba na martinki 2

Мартинката за Гинис лани на 1 март ја изработија бројни граѓани на плоштадот во бугарскиот град Видин и денес е дел од поставката во Етнографскиот музеј на Видин. Освен мартинката за Гинис, посетителите на изложбата во Скопје ќе можат да видат многу други рачно изработени мартинки и амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, како и ракотворци кои ќе ги изработуваат на самото место. Во рамки на изложбата ќе се организираат и базар на ракотворби, видео проекции на документарни филмови, креативни работилници, а ќе може да се видат и панели на неколку јазици на кои се објаснети обичаите поврзани со Денот на Баба Марта во повеќе земји.

По завршувањето на настанот во Скопје, патувачката изложба на 11 март ќе се пресели во градот Видин во Бугарија, на 15 март ќе биде отворена во романскиот град Бузау, а потоа  ќе шета низ Балканот по неколку други музеи и институции.

Vasilka Dimitrovska - otvoranje na izlozhbata

- Мартинките се еден од симболите на културниот идентитет на македонскиот народ во кој ги вградил својата историја, верувања, традиција и култура. Но, истовремено, мартинките се дел и од традицијата на неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка која го поврзува овој дел од Европа. Токму поради ова и се трудиме да ги зачуваме и да ги негуваме во духот на традицијата, така што се надеваме дека оваа година мартинките ќе станат нематеријално светско културно наследство вклучено на листата на УНЕСКО – вели Василка Димитровска, претседателка на „Хаемус“.

Izlozhba na martinki

Обичајот за плетење и подарување мартинки е поврзан за првиот ден од месецот март и е карактеристичен за повеќе балкански држави како што се Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија. На овој ден луѓето си подаруваат плетени амајлии од црвен и бел конец кои се носат на раката или закачени на облеката и за кои се верува дека ги штитат оние што ги носат. Мартинките се подаруваат на блиски луѓе и се носат се додека не расцвета првото дрво или додека оној што ги носи не го види првиот штрк или ластовичка. Потоа мартинката се става под бел камен или се закачува на некое дрво пропратена со желба за радост, среќа или љубов.

Проектот за патувачката изложба на мартинки е дел од институционалнoто прекугранично партнерство „Националните идентитети во рамките на обединета Европа“, потпишано од „Хаемус“, регионалната библиотека „Михалаки Георгиев“ од Видин, Бугарија, регионалниот „Музеј Бузау“ од истоимениот романски град и библиотеката „Центар за култура” од Кладово, Србија. Целта на ова партнерство е промоција на мултикултурализмот и на заедничкото културно наследство на Балканот.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак