26 Април, 2024
0.0278

Марковски: Епидемијата ќе заврши кога вирусот ќе зарази повеќе луѓе, да не сме му заложници

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Да се олабават мерките и граѓаните послободно да живеат за да се навикнеме на болеста па и да стекнеме колективен имунитет, вели енфектологот професор Вело Марковски во синоќешното гостување на ТВ 24. Според него, сега треба да не сме заложници на овој вирус, да живееме нормално.

„Кога завршува една епидемија со грип или со некоја друга респираторна инфекција? Кога ќе имаме доволно популација која ќе има антитела, која го прележала. Значи, кога ќе почнат да се судираат новоинфицирани кога ќе треба да го пренесат причинителот на друг, тој веќе е отпорен или не му го зема и тогаш таа епидемија завршува. Сега може да се најдеме во состојба предолго да седиме, та дури и тие што го прележале да ги изгубат тие заштитни имуноглобулини и евентуално наесен повторно ни се врати вирусот и да биде повирулентен и да има пошироки размери, вели Марковски.

Инфектолот Марковски смета дека граѓаните не треба да носат ракавици ниту маски.

Ракавиците, кого штитат и зошто штитат? Овие респираторни вируси не даваат проливи, не требаше да дојде корона за да миеме раце. Миењето раце е доволно после излегувањето надвор. Ракавици не треба да се носат, зашто од многу миење раце може да се уништи нормалната флора па да можете да имате бактериски инфекции. Маските треба да се носат. Тоа треба да се практикува и кога немаме вакви ситуации. Ако некој не се чувствува добро треба да носи маска, така ги штити другите, вели Марковски.

Вели дека дури и вакцината можеби не е решение повеќе стекнувањето колективен имунитет. Марковски смета дека вирусот не може да стои на зеленчук и на овошје и дека за да се пренесе треба да има повеќе услови. 

Иако, како што вели, не се благодарни споредувањата, во овие три месеци 130.000 умреле од СИДА, 150.000 луѓе се починати од рота вируси, 20.000 умираат дневно поради некоја инфекција.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот