08 Мај, 2024
0.0249

Марјан Огњановски опоменет од Антикорупциска за судир на интереси

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Мерка јавна опомена му упати Државната комисија за спречување на корупцијата на Марјан Огњановски. Причината е судир на интереси поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.

Имено од ДКСК, соопштуваат дека службеното лице, покрај функцијата член на Управен одбор во АД „ГТЦ“- Скопје ги извршува и функциите управител на Трговско Друштво „НАФТОВОД“ ДООЕЛ Скопје и управител на Трговско друштво ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје.

„Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на две од трите функции кои истовремено ги извршува со што ќе излезе од состојбата на судир на интереси во која се наоѓа. Со допис доставен до Државната комисија известени сме дека службеното лице направило промена на управувањето на Трговското друштво – ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје, и истото го доверило на лицето Орхидеја Огњановска за што во прилог достави Решение од Централен Регистер на РМ. ДКСК по увидот од тековната состојба на наведеното трговско друштво во Централиот регистер на РМ констатира дека е направена промена на управителското место на Трговското друштво – ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје, а како нов управител е назначена Орхидеја Огњановска, а исто така е констатирано дека не е направена промена на управувањето на Трговското Друштво „НАФТОВОД“ ДООЕЛ Скопје. ДКСК од увидот во расположивата документација констатира дека лицето Марјан Огњановски и Орхидеја Огњановска се блиски лица, што е спротивно на член 9 од Законот за спречување судир на интереси“, потенцираат од Комисијата.

Оттаму сметаат дека и покрај промената се исполнети условите утврдени во член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси поради што донесе одлука на Марјан Огњановски да му се изрече мерката јавна опомена, која се објавува во средствата за јавно информирање. 

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија