26 Април, 2024
0.0270

Марин му позајмил „по пола“ градежен инспектор на Богоев

Објавено во: Финансии 24 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Во недостиг на овластен градежен инспектор, локалната самоуправа на Карпош била принудена да „позајмува“ ваков стручен профил од Аеродром во рамките на договорот за соработка помеѓу едни од најурбанизираните општини во Македонија.

Договорот помеѓу општините предводени од Стефан Богоев, односно Златко Марин одобрен е летоска од Советот на Карпош за вршење работи од областа на градежната инспекција од страна на лицето Олга Влинтоска вработена во управата на Аеродром на работно место советник овластен градежен инспектор. 

За потребите на градежната инспекција во Општина Карпош, Влинтоска е ангажирана на половина работно време за месеците: јули, септември, октомври и ноември. Овластениот градежен инспектор ќе ја користи расположливата опрема, ресурси и други услови со кои располага Општина Карпош. Од таму половина од бруто-платата ќе исплаќаат на сметката на Аеродром. 

„Бидејќи работниот однос на досегашниот државен службеник во Општина Карпош, Овластен градежен инспектор е престанат, имавме краток временски период за објавување на оглас за прием на  нов овластен градежен инспектор. Оттаму, сé до неговиот избор, (сметаме дека до периодот 31 декември годинава ова прашање ќе биде решено, со што Карпош ќе добие свој овластен градежен инспектор), а првенствено во интерес на граѓаните на Карпош, согласно позитивните законски прописи, склучувме договор за преземањена овластениот градежен инспектор од Општина Аеродром. Тој договор е за период од  три и пол месеци“, велат од општина раководена од Богоев..

Од таму додаваат дека ваквото преземање е вообичаена практика на соработка меѓу единиците  на локалната самоуправа и тоа го дозволува Законот за локалната самоуправа и Законот за меѓуопштинска соработка.

Иако работа за овие стручни лица има дури и премногу, особено во делот на илегалните градби, податоците на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам покажуваат дека десетици општини немаат ваков кадар низ Македонија, а многу други користат од соседната. Повеќето општини имаат само по еден овластен градежен инспектор, а ретки се тие кои имаат до два во Скопје.

Станува збор за редок кадар до кој се доаѓа тешко, а во последно време, иако работата се зголемува, нивниот број се намалува поради раскинување на договори и пензионирање, сметајќи ги овде и ризиците од работата против дивоградбите.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“