Манолиќ: Аркан продаваше оружје во Хрватска, му платија со злато
Објавено во: Балкан 31 Јули, 2017
Некогашниот хрватски премиер Јосип Манолиќ во неговата најнова книга со мемоари тврди дека Жељко Ражнатовиќ Аркан непосредно пред да почне воениот судир продал 12 шлепери со оружје на Хрватска.
Манолиќ, инаку и поранешен шеф на хрватската тајна служба, во својата книга „Политика и татковина“ тврди дека зделката била договарана во 1991 година меѓу врвот на полициските оддели за разузнавање на двете страни и дека оружјето било испратено во Осијек со придружба.
Манолиќ вели дека за овој договор не било известено тогашното политичко раководство на Хрватска и смета дека позадина на зделката биле меѓусебни услуги но, главната цел била оружјето да се користи во Вуковар.
Исто така еден најблиските луѓе на Туџман тврди и дека на Аркан му било платено со две актовки полни со злато и сребро, а во тоа се сомнева бидејќи претходно биле убиени неколку дилери со злато во Осијек.