МАКРОН, ШОЛЦ И КАМЕРОН СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Го повикаа Израел да не ги ескалира односите со Иран
Објавено во: Свет 15 Април, 2024
Повеќе западни земји го повикаа Израел да внимава и да не дојде до ескалација на односите со Иран.
Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон повикаа денеска Израел да избегнува понатамошно ескалирање на конфликтот со Иран. Макрон вели дека ситуацијата е многу нестабилна.
Иран во саботата изврши напад со стотици дронови и проектили на воени мети во Израел одговарајќи на израелскиот напад на иранскиот конзулат во Дамаск во кој уби седуммина офицери на Иранската револуционерна гарда, вклучувајќи двајца високи команданти. Израел не прифаќа одговорност за нападот кој се случи на 1 април.
Камерон го повика Израел да на одговара на иранскиот напад со совет дека треба „да мисли со главата а не само со срцето“, оценувајќи дека иранскиот напад бил целосен неуспех.
„На многу начини тоа беше двоен пораз за Иран. Нападот беше речиси целосен неуспех и му покажаа на светот дека се лошо влијание во регионот. Затоа се надеваме дека нема да има одмазднички одговор“, кажа тој.
Членовите на Советот за безбедност на ОН што итно заседаваше од претставниците на двете земји вклучени во конфликтот, Иран и Израел, слушнаа само меѓусебни обвинувања. Амбасадорите на двете земји го повикаа Советот за безбедност да воведе санкции.
Тел Авив засега не открива каков одговор ќе има кон Иран по масовниот напад што во саботата вечерта го изведе со стотици дронови и проектили.