18 Мај, 2024
0.0460

MAКРОН СЕ ПРОТИВИ: Осум држави во Европа ги затворија границите

Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Осум држави во Европа ги затворија границите, a францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди нивните одлуки. 

Државите кои веќе ги затворија своите граници за странски државјани се: Унгарија, Чешка, Кипар, Данска, Литванија, Летонија, Полска и Словачка.

Макрон ги осуди одлуките за еднострано затворање на границите. 

Според него, затворањето на границите е спротивно на европското начело за слободнo движење на луѓето. 

Тоа го соопштил во разговорите кои ги имал со германската канцеларка Ангела Меркел, како и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен. 

Фон дер Лаен се согласила дека затворањето на границите „не е најдобриот начин да се спречи ширењето на вирусот и истакнала дека сите мерки на претпазливост во врска со границите треба да бидат во координација за да се спречи влошувањето на ситуацијата.

Кабинетот на Макрон соопшти дека во текот на следните неколку часови ќе бидат финализирани и објавени мерките кои се однесуваат на надворешните граници на ЕУ со цел, борба против корона вирусот.

Шарл Мишел за утре закажа вонреден состанок на челниците на ЕУ кој ќе се одвива преку видео конференција, како и минатата недела.

Преминувајќи ја бројката од 2.000 починати, Европа стана новото жариште на пандемијата на коронавирусот. 

Според пишувањата на Гардијан, можно е оваа криза да трае до пролетта 2021 година. 

Во повеќе земји на европско тло е прогласена вонредна состојба, меѓу кои Косово, Србија, Словачка, Шпанија, Романија. 

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население