Макрон дал рок до кога да се реши спорот со Бугарија и да почнеме преговори
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2021
Да се отворат преговорите за Македонија и Албанија со Европската Унија (ЕУ), бара францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој им испратил писма на сите француски амбасадори во земјите од Европската Унија, во кои бара од нив интензивно да работат за отворање на преговори со Албанија и Македонија, пренесува Алабниан Пост.
Овој портал според негови извори од Елисејската палата, пишува дека Макрон поставил два датума. Првиот датум за решавање на проблемот меѓу Бугарија и земјава е 14 декември, односно дотогаш двете балкански земји треба да постигнат договор за бугарското вето за Македонија, што е пречка за отворање на преговори и за Албанија.
Вториот датум поставен од Макрон, е 31 декември. До крајот на годината според Албаниан Пост, Макрон побарал отворање на преговорите со Албанија и Македонија.
Претходно, Макрон не сакаше двете земји да ги почнат преговорите со ЕУ. И Холандија беше земја која негодуваше.