19 Мај, 2024
0.1999

Македонците и Европјаните со иста главоболка

Објавено во: Свет 01 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Европските граѓани се загрижени повеќе за имиграцијата отколку за состојбата на економијата на тешко погодениот од кризата континент, покажува истражувањето, објавено и цитирано од ДПА. 38 отсто од анкетираните ја истакнале имиграцијата како еден од главните проблеми пред Европската унија во анкетата на "Евробарометар", извршена во мај во 28-те земји од ЕУ, плус Албанија, Македонија, Србија, Турција и Црна Гора. Шест месеци порано само 24 отсто го посочиле истиот проблем како приоритетен и дале надмоќ на тешката состојба на економијата, невработеноста и на јавните финансии. Во новата студија тие се соодветно на второ, трето и четврто место. Овој пат имиграцијата е наведена како главна грижа во 20 европски земји, а таа доминира најсилно во Малта и Германија, односно со 65 и 55 проценти од одговорите. Истражувањето на "Евробарометар" покажува уште дека 56 отсто од анкетираните имаат негативен став кон приливот на луѓе од земји надвор од ЕУ. На внатрешната миграција во рамките на ЕУ се гледа повеќе наклонето - 51 отсто од анкетираните имаат позитивен однос кон неа. Тероризмот е на петтото место меѓу проблемите кои доведуваат загриженост зголемена со 6 процентни поени за 6 месеци во период кога во Европа беа извршени неколку сериозни терористички чин, а други беа спречени од силите за безбедност. Понатаму во градација на посочените проблеми, возбудливо Европјаните го следат растот на цените и трошоците на живот, криминалот, влијанието на ЕУ во светот, климатските промени, состојбата на животната средина, даноците, снабдувањето со енергија и пензиите, а ниту еден од нив не собира повеќе од 10 проценти приоритет во одговорите. Општо земено 58 отсто од анкетираните изразиле оптимизам за иднината на ЕУ, а 36 отсто се покажале како песимисти. Обработка:К.К. Извор: ДПА

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто