06 Мај, 2024
0.0253

Македонско кредитно биро склучи договор со Силк Роуд Банка АД Скопје за продажба на сопствени извештаи за физички и правни лица

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Македонско кредитно биро започна соработка со Силк Роуд Банка АД Скопје за шалтерска продажба на Сопствен извештај за физички и Сопствен извештај за правни лица. Граѓаните и компаниите сега ќе можат да се информираат преку банките за бенефитите од сопствениот извештај, со што значително се подобрува пристапот до услугите и информациите на бирото.

Отсега, сите физички и правни лица ќе можат да го добијат Сопствениот извештај на Македонско кредитно биро, во експозитурите на Силк Роуд БанкаАД Скопје ширум земјата, односно во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Охрид, Прилеп, Струмица и Тетово.

Македонско кредитно биро е единствената институција на пазарот која изготвува Сопствен извештај за физички и Сопствен извештај за правни лица.Извештајот е документ кој се изготвува лично за нарачателот, физичко или правно лице, кој сака да ја провери сопствената задолженост, односно нуди целосен увид во сите обврскии редовноста во исполнување на обврските и тоа: обврски по основ на кредити, жиранства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги. Исто така извештајот содржи и податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време кои укажуваат на тоа дали трансакциската сметка е блокирана или не, со детали за секоја блокада поединечно.

Соработката помеѓу Силк Роуд Банка АД Скопје и Македонско кредитно биро се должи на континуираното настојување за подобрување на пристапот на услугите и прилагодување на потребите на клиентите.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта