17 Мај, 2024
0.0276

Македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ оствари значаен раст на извозот!

Објавено во: Економија 30 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

„Алкалоид“ оствари над 2,1 милијарди денари (34,2 милиони евра) приходи од продажба во странство и го подобри својот извоз за 12 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од неревидираниот консолидиран биланс на успех на една од најголемите македонски компании, објавен денеска на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. „Алкалоид“ во првото полугодие прокнижил добивка од 287 милиони денари (4,66 милиони евра) и таа во споредба со профитот за истиот период лани бележи раст од 4 отсто. Податоците што ги објави „Алкалоид“ покажуваат дека секоја акција на таа компанија досега носи добивка од 200,5 денари за акција. Сепак и покрај тоа што полугодишниот извештај на „Алкалоид“ покажува поуспешно работење во споредба со истиот период лани, просечната берзанска дневна цена на таа акција изгуби 28 денари и затвори тргување на вредност од 4.352 денари што претставува намалување за 0,65 отсто. „Алкалоид“ бележи раст и на приходите од продажба на домашен пазар за првата половина годинава во споредба со истиот период лани. Годинава тие изнесувале 1,61 милијарди денари (26,2 милиони евра), а лани биле 1,53 милијарди денари (24,8 милиони евра). Вкупните приходи на „Алкалоид“ за првото полугодие се 3,72 милијарди денари (60,4 милиони евра) и во споредба со истиот период лани се зголемени за 303 милиони денари односно за речиси 5 милиони евра. На страната на расходите во првото полугодие најзначајна ставка е трошоците за продадени стоки со вредост од 1,95 милијадри денари која бележи зголемување за 235 милиони денари во споредба со лани и вредноста на трошоците за маркетинг и дистрибуција со износ од 1,166 милијарди денари. Мукаетов: вложивме повеќе од 120 милиони евра во производни капацитети Генералниот директор на Алкалоид Живко Мукаетов, во интервју за хрватскиот весник Пословни дневник вели дека фармацијата е главната активност на Алкалоид, но 78 годишното искуство кажува дека потребно е постојано вложување во иновации и ширење на палетата на производи во различни сегменти, зголемување на уделот на постоечките пазари и освојување на нови. -Конкуренцијата во фармацевтската индустрија е голема, се соочуваме со локални и регионални конкуренти, моќни мултинационални и генерички конкуренти со големи продуктни портфолија. Неопходни се инвестиции во локален кадар, во производното портфолио и во позиционирање. Во последните 15 години вложивме повеќе од 120 милиони евра во производни капацитети, технологија, информатички систем, кадар и знаење, па нормално е тоа што нашите производи се рамо до рамо со светски познатите брендови, вели Мукаетов во интервјуто. Мукаетов потенцира дека Алкалоид е шеста рангирана фармацевтска индустрија во Европа, а само три од нив се самостојни, односно не се дел од поголем глобален состав. Тој потенцира дека, таквото самостојно, брзо и флексибилно фукционирање е една од конкурентските предности на Алкалоид, која со сопствено име освојува нови пазари. Тој вели дека над 60% од производите на Алкалоид се пласираат на странските пазари, а компанијата е одлично позиционирана односно е меѓу првите пет генерички компании по обем на конкретен пазар. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА