01 Мај, 2024
0.0259

Македонски травертин изложен на саем во Верона

Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Друштвото за производство на комерцијални блокови, масивни елементи и плочести материјали „РИ- ЕП ДОО“ – Охрид со изложување на сопственото производство се претстави на еден од главните европски саеми Marmomacc во Верона, Италија. РИ-ЕП е компанија којашто поседува рудник за травертин и два погони за преработка. Компанијата активно се занимава со експлоатација на травертин и негова преработка од 1995 година.

„Ова e одлична можност за наше претставување и за отворање на нови можности за соработка и планирање извоз. Да се биде дел од саемот Marmomacc значи дека, пред сè, имате висок квалитет на производите кои ги задоволуваат стандардите на национално и меѓународно ниво што е уште една потврда за нашата добра производна практика“ – изјавија од компанијата.

Во текот на саемското претставување,раководството на РИ-ЕП воспоставија контакти со компании од голем број европски држави, како и компании од Блискиот Исток.

„Присуството на саемот ни даде можност да ги презентираме нашите производи, воедно ни понуди и одлична можност да оствариме средба со потенцијалните купувачи, дистрибутери на големо и мало и да ги испитаме можностите за идни стратешки бизнис планови, како и да ги отвориме вратите кон светските пазари“– додадоа од компанијата.

Со посетеност од околу 70 000 посетители од 150 земји и со повеќе од 1500 претставувања на изложувачите, саемот Marmomacc е водечки глобален настан за рударската индустрија, каде што е претставен целиот ланец на набавка, суровини, полу и готови производи, вклучувајќи механизација и технологија на работа. Поради тоа претставува одлична можност за дополнителна едукација во делот на најновите трендови, производствени процеси и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на пазарниот удел во индустријата на природен камен и експресивен потенцијал на камени материјали во архитектурата и дизајнот.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор