19 Мај, 2024
0.0303

Македонски Телеком ќе ги изгаси светлата на „Часот на планетата Земја“

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком и годинава ќе биде дел од најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“. На 24 март (сабота) во периодот од 20:30 до 21:30 часот компанијата ќе го исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје, со што ќе се испрати порака за спас на планетата Земја.

Со години наназад, климатските промени се еден од најсериозните проблеми на денешницата, па затоа Македонски Телеком традиционално е дел од глобалните иницијативи за климатски промени и одржлив развој, покажувајќи ја на тој начин не само својата општествена одговорност, туку и посветноста за заштита на човековата околина. Во таа насока, компанијата се стреми кон оддржливо општество за новите генерации, а во своето секојдневно работење постојано превзема мерки за подобрување на животната средина.

Годинава започнати се повеќе иницијативи во рамки на проектот „Тelekom Goes Green“ со кои Македонски Телеком се вклучува во борбата за чист воздух и здрава животна средина.  Возниот парк е збогатен со паметни велосипеди за здрави и корисни навики на вработените, како и со првото електрично возило, како чекор кон борбата против аерозагадувањето во главниот град.

Дополнително, Македонски Телеком применува и иновативни решенија за зголемување на енергетската ефикасност, а намалувањето на потрошувачката на енергија го постигнува со воведување на нови современи комуникациски технологии. За контрола на потрошувачката на електрична енeргија во административните објекти воведен е систем за автоматско вклучување на светлата.Компанијата прави селекција и соодветно постапува со опасниот отпад како што е електронскиот и  електричниот отпад, отпадот од батерии и акумулатори. Грижата за животната средина се потврдува со повеќе мерки за намалување на користењето на хартија, а една од позначајните во која партнери се корисниците е воведувањето на електронска сметка како замена за хартиената. Како доказ за постојаната грижа за животната средина е и континуираното преиспитување на барањата на стандардот ISO 14001:2004.

 Со поддршката во акцијата „Час на планетата Земја“, Македонски Телеком дава свој придонес во подигнувањето на свеста за климатските промени и истовремено ги поттикнува и останатите компании, поединци или организации активно да се вклучат во зачувување на здравата животна средина за идните генерациии.

Планетарното движење „Час на планетата Земја“ е покренато од World Wildlife Fund организацијата, а во акцијата учествуваат повеќе од 180 држави ширум светот.


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО