02 Мај, 2024
0.0261

Македонски Телеком доби награда за проектот „Паметен град“

Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Признанието е врачено на Светскиот конгрес за информатичка технологија којшто се одржа во градот Бразилија (Бразил)

Наградата за проектот „Паметен град“ е добиена во категоријата Решение за оддржлив раст

„Паметен град“ е проект преку кој се имплементираше современ интегриран систем за автоматска локација на возилата и електронска наплата во јавниот градски превоз

Македонски Телеком доби престижна награда за проектот „Паметен град“ (Smart City) од Светската алијанса за информациони технологии и услуги - WITSA. Високото признание на светско ниво е врачено на свечена церемонија во рамките на Светскиот конгрес за информатичка технологија којшто се одржа во градот Бразилија (Бразил) од 03 до 05 октомври. 

Наградата за проектот „Паметен град“ Македонски Телеком е добиена во категоријата Решение за оддржлив раст или Sustainable growth. Во оваа категорија беа номинирани решенија кои промовираат оддржлив економски раст, којшто се дефинира како способност за подобрување на финансиската и социјалната состојба во државата. Проектот „Паметен град“ се номинираше за овогодинешните WITSA награди, како едно од петте победнички решенија на локалниот натпревар којшто го организираше македонската ИКТ Комора - МАСИТ.  

Со помош на иновативниот пристап на Македонски Телеком преку проектот „Паметен град“ се имплементираше современ интегриран систем за автоматска локација на возилата и електронска наплата во јавниот градски превоз, со единствена централна база на податоци која овозможува следење во реално време на сообраќајната мрежа и движењето на патниците, како и контрола и регулација на транспортната услуга. Станува збор за прв проект со којшто Македонски Телеком ја започна трансформацијата на Скопје во модерен и паметен град, по примерот на светските метрополи. На тој начин се унапреди квалитетот на јавниот сообраќај, обезбеден е побрз и поефикасен превоз за граѓаните и туристите во главниот град, зголемувајќи ја при тоа атрактивноста на јавниот превоз на долг рок. „Паметен град“ не претставува само проект за подобрување на квалитетот на автобуски превоз, туку почеток на ера на Интернет на нештата во Македонија. 

„Водени од нашиот иновативен дух ја трансформиравме нашата метропола во модерен и паметен град, следејќи го чекорот на големите светски метрополи. Македонски Телеком цврсто верува во новата, растечка ера на паметна поврзана технологија која што е во ставена во функција на модерниот град на живеење. Потенцијалите за паметен град се големи, а ние и натаму ќе бидеме фокусирани на ставање на модерната технологија во унапредување на нашето живеење. Затоа наградата добиена на Светскиoт конгрес WITSA претставува потврда дека се движиме во вистинска насока“, изјави Слободанка Jакимовска Јосифовиќ, директор на Сектор за дизајн и развој на ИКТ решенија и услуги во Македонски Телеком.

Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA), водечки конзорциум на членовите на Здружението од ИКТ индустријата од над 80 земји ширум светот е основана во 1978 година. Членовите на WITSA претставуваат повеќе од 90 проценти од светскиот ИКТ пазар. На WITSA конгресот, којшто се оддржува на секои две години, се доделуваат ИКТ награди на организации кои што презентираат исклучителни ИТ достигнувања на глобално ниво. Во изминатите години, WITSA награди имаат добиено големи е-government проекти за унапредување на дигиталната вклученост и обезбедување на јавни услуги кон граѓаните. Меѓу нив е и политичката кампања на американскиот претседател Барак  Обама за користење на web 2.0 технологии, проектот за национална e-government реформа во Тајпеј, воведувањето на интелигентно решение за јавниот транспорт во Сеул итн.



Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор