11 Мај, 2024
0.0287

Македонија на 103 место по справување со КОВИД-19, пред нас се сите земји од регионот

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Швајцарија е најбезбедна земја во светот сега за КОВИД-19, пишува Форбс, а се базира на извештајот на Deep Knowledge Grloup, кој е огромен и има 250 страници, а во него се наведени критериумите според кои се оценуваат државите. 

Јужен Судан, според овој извештај, е најопасната нација.

Соединетите Американски Држави се рангирани на 58 позиција, односно веднаш зад Романија и две места пред Русија.

Извештајот се заснова на 130 квантитативни и квалитативни параметри и над 11.400 точки на податоци во категории како ефикасност во карантинот, следење и откривање, подготвеност за здравје и ефикасност на Владата. Тоа е од групата Deep Knowledge, конзорциум на компании и непрофитни средства во сопственост на Deep Knowledge Ventures, инвестициска фирма основана во 2014 година во Хонг Конг.

Интересно е што, во месеците на пандемијата има значителна промена во рангот за безбедност.

Првично, земјите кои можат брзо да реагираат на кризи и имаа високо ниво на подготвеност за итни случаи, се најдоа на највисоко ниво. Сега земјите со еластични економии се рангираат на повисоко ниво.

„Швајцарија и Германија ги постигнуваат позициите број 1 и број 2 во оваа нова специјална студија на случај, специјално заради еластичноста на нивната економија и заради внимателните начини на кои тие се обидуваат да ги олабават рестриктивните мерки и економските замрзнувачки мандати, и сето тоа базирано на факти и научни докази, а без притоа да се жртвува јавнот здравје и безбедност“, се вели во студијата.

Еве ги првите земји според безбедноста на КОВИД-19, според оваа групација. 

Важно е да се напомене дека ова е проценка на само една организација за ризикот, и дека ризикот во различни региони во рамките на нациите исто така ќе се разликува. На пример, Њујорк беше епицентар на ризик за КОВИД-19 пред еден месец, додека Монтана остана, релативно кажано, многу побезбедна.

Региони со најголем ризик во моментов, според извештајот, се Субсахарска Африка и Јужна Америка, како и некои земји на Блискиот исток и Азискиот Пацифик.

Она што нас треба да не загрижува е што земјава е дури на 103 место, дури на вториот дел ид табелата. 

Швајцарија, Германија, Израел, Сингапур и Јапонија, се најдобри земји.

Словенија е далеку пред нас, на 32 место, а бргу зад неа е Грција, која се најде 34, додека, пак, Хрватска и Турција се на 36 и 37 место. 

Од земјите во регионот, Црна Гора е на 42 место, додека, пак, Бугарија е на 48 место. 

Србија е 54, и на тој начин се најде веднаш зад Италија. 

Пред нас се и Босна и Херцеговина, која е на 72 позиција на листата, како и Албанија, која е на 88 место.  

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите