17 Мај, 2024
0.0511

Македонија да преземе мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови

Објавено во: Мои пари 03 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија треба да преземе соодветни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови со цел приближување кон ткн. зелен раст кој истовремено обезбедува одржливост без значителни негативни економски и социјални импликации.

Ова беше истакнато на денешната работилница на која беа презентирани резултатите и сценаријата за ублажување на климатските промени.

Според државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова целта е вградување на сценаријата во развојните стратегиски планови и плански документи во секторите кои имаат потенцијал за ублажување на климатските промени.

Презентирајќи ги сценаријата за ублажување на климатските промени, Наташа Маркова од МАНУ даде осврт на веќе детално елаборираните  анализи за климатските промени, кои се базираат на направени анализи.

- Се наметна потреба за подетално анализирање на потенцијалот за ублажување на климатските промени и тоа не само во секторот енергетика, кој е клучен во Македонија, туку и во енергетските сектори како транспортот, отпадот и земјоделството во кој имаат значаен потенцијал за смалување на емисиите за стакленички гасови, посочи Маркова.

За да се задржи покачувањето на температурата за 2 степини или да се намали, во таа ситуација не смее да се надмине концентрацијата на ЦО2, предупреди меѓународниот консултант Невен Дуиќ и порача дека треба да се преземе  ургентна акција бидејќи моменталната концентрација на ЦО2 е многу блиску до границата на дозволено.

- Прво треба да се направи акција во развиените земји, но тука треба да  се придружат и земјите во развој бидејќи без нив нема да има ефект на превземените мерки, на премер Кина денеска е најголем емитер на ЦО2, рече Дуиќ.

Тој го посочи примерот со Данска кои од 1974 почнале да инвестираат во градежништвото каде што успеале да намалат за 30 проценти потрошувачката на енергија иако за 30 отсто ја зголемиле и површината за греење.

- На Македонија  треба да и се понуди некаква  опција во овој процес бидејќи стреми да биде членка на ЕУ. Македонија многу брзо треба да се приклучи кон Анекс 1 но иако не е потребно да се намалат емисиите до 2020 година, било која одлука која ќе се донесе до 2030 година ќе има реперкусија на моменталниот период, рече Дуиќ.

Во Македонија 90 отсто од емисиите на метан во секторот отпад доаѓаат од депониите за цврст отпад, а остатокот од согорување на отпадот и отпадните води. Земјоделските почви емитуваат 13 проценти од вкупните емисии на стакленички гасови или двапати повеќе од индустријата, а шумите кои имаат големо влијание врз климата кај нас, тие апсорбираат 1.77 милиони тони јаглерод диоксид секоја година

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени