Македонец регрутирал борци во ИСИС
Објавено во: Свет 22 Септември, 2015
Германската полиција трага по 19-годишен државјанин на Македонија, кој е осомничен дека регрутирал војници во Исламската Држава.
Според полицијата тој бил дел од германска џихадистичка келија во Берлин, која врбувала муслимани и ги организирала да се приклучат на ИСИС во Ирак и Сирија.
Полицијата ја претресила џамијата во квартот Темпелхоф во Берлин, но не го нашла осомничениот. Се верува дека тој веќе заминал во Сирија и пристапил на џихадистичката група на радикални исламисти од Германија.
Македонскиот државјанин бил роден во Германија, но таму живеел со македонски пасош.
Во МВР велат дека немаат податоци за македонскиот џихадист и за случајот не биле известени од германските полициски служби.