17 Мај, 2024
0.1855

Македонците може да транзитираат низ Србија без ПЦР-тест

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Македонските државјани може да транзитираат низ Србија без ПЦР-тест. 

Новите правила кои ги донесе српското Министерството за здравство, наложуваат дека македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија од денеска не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест при влез во земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во согласност со Упатството на Министерството за здравство на Република Србија, објавено во Службениот гласник, прецизирано е дека влез во Србија за македонски државјани е дозволен доколку се поседува негативен ПцР-тест за присуство на коронавирус, не постар од 48 часа од датумот на издавање, издаден од референтната лабораторија на земјата од каде влегуваат во Србија.

Доколку само се транзитира низ територијата на Србија, македонските државјани не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест, со тоа што периодот на транзитирање е ограничен на 12 часа од моментот на преминување на границата.

Покрај тоа, прописите не се однесуваат на странски државјани кои биле во транзит низ четирите држави во регионот (исто така не подолго од 12 часа), на екипажите на авионите, на акредитираните членови на персоналот на странските дипломатски и конзуларни претставништва или канцеларии на меѓународни организации и членовите на нивните семејства кои се носители на посебни документи за идентификација.

Дополнителни потврди нема да бидат потребни и за деца под 12-годишна возраст, доколку родителот, старателот или друго лице кое го придружува има негативен РТ-ПЦР тест, за странските државјани на кои им е одобрен привремен престој или постојан престој во Србија, како и за членовите на странските воени, полициски и други безбедносни служби што се во транзит низ територијата на Србија или кои се во оваа земја поради вршење службени задачи, со претходно известување.

Условот за влез во Србија не се однесува на странски државјани при вршење меѓународен превоз, за преземање или растовар на стока или за превоз на лица, кога станува збор за екипажи на камиони, автобуси, возови или товарни бродови. Влегувањето во Србија автоматски се дозволува на граѓани од соседните земји од пограничните подрачје кои вршат земјоделска работа и имаат земјоделско земјиште во Србија, но се должни да имаат доказ за сопственост на земјоделското земјиште или изјава на сопственикот на земјиштето дека лицето врши земјоделски работи, под услов на реципроцитет.

Ова важи за странските државјани кои се жители на пограничните подрачја и кои се вработени во Србија, а на кои работодавците им имаат издадено документ за работен ангажман, исто така под услов на реципроцитет.

Светската здравствена организација е загрижена за состојбата со коронавирусот во нашиот регион. 

СЗО денеска предупреди дека Балканот е ново жaриште на коронавирусот. 

Претставниците на СЗО рекоа дека биле „зaгрижени за Балканот од почетокот на јуни“, поради големиот прилив на туристи во овие области и зголемувањето на бројот на нови случаи. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање