Македонци „заглавени“ на Малта, не знаат кога ќе се вратат дома
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Март, 2020
На аеродромот во Малта вчера останаа „заглавени“ десетина Македонци откако една авиокомпанија ги откажа сите летови.
Министерството за надворешни работи формира координативно тело за помош и поддршка на македонските државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот.
Премиерот Оливер Спасовски, нагласи дека забрана за влез во земјава нема за наши државјани.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва изјави дека е прилично неодговорно во оваа ситуација на светска пандемија со Ковид-19 да се патува во странство заради туризам. Димитров како пример го наведе случајот на нашите туристи на Малта, кои заминале пред пред неколку дена на овој медитерански остров.