19 Мај, 2024
0.0250

„Мајки“ на Манчевски во Линколн центарот во Њујорк

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Македонско-француско-бугарската копродукција, филмот „Мајки“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски следната недела ќе се прикажува во Линколн центарот во Њујорк. Потоа професорката Имелда О’Рајли че го интервјуира Манчевски како вовед во разговор на авторот со њујоршката публика. Светска премиера на „Мајки“ беше на фестивалот во Торонто, а европската во престижната програма „Панорама” на Берлинале. Филмот, добитник на седум меѓународни награди, беше и македонски кандидат за Оскар. „Мајки” беше вброен меѓу 40-те најдобри филмови во Европа од страна на комисија на Европската филмска академија. Главните улоги ги толкуваат Ана Стојановска, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Владимир Јачев, Диме Илиев, Димитар Ѓоргиевски, Марина Поп-панкова, Горан Трифуновски,… Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер Дејвид Манс, Костимограф Елизабета Монталдо, монтажер Жаклина Стојчевска, композитор Игор Василев Новоградска, а продуцент Кристина Калас.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“