ЛУТИ И БЕСНИ: Американските туристи масовно ги откажуваат патувањата во Европа
Објавено во: Свет 08 Март, 2017
Американските туристи ги откажуваат своите патувања во Европа - откако Европскиот парламент соопшти дека е можно евентуално воведување на визи за државјани на САД, соопштува Travel Weekly.
Минатата недела Европскиот парламент усвои резолуција со која ја повика Европската комисија да препорача враќање на визите за граѓаните на САД. Комисијата треба да ја подготви Препораката во рок од два месеци. Потоа препораката може да биде потврдена или отфрлена од Советот на ЕУ и од европратениците. Причината за визниот конфликт меѓу Европа и Америка е дискриминацијата на граѓаните од голем број земји во ЕУ кои државите одбиваат да ги прифатат без виза. Меѓу овие земји е и соседна Бугарија.
Според туристичките агенции во САД оваа вест предизвика големи штети на индустријата: американски туристи масовно го откажуваат патувањето до Европа.
Еден од сопствениците на CruisingStore.com и Galaxy Travel & Cruises Двејн Вол вели дека неколку часа по објавувањето на веста за можното укинување на безвизниот режим група американски туристи ги откажале резервации за крстарење по Медитеранот. Учесниците се загрижени од евентуалното барање за виза. Поради укинатите резервации Вол губи околу 40 илјади долари. „Оваа одлука на Европскиот парламент може силно да влијае на туристичкиот прилив на САД кон Европа“, - рече туристичкиот агент.
Сепак, експертите сметаат дека е малку веројатно одлуката на Европскиот парламент да влезе во сила. „Воведувањето на визи ќе предизвика огромни економски штети за Европа и САД. Голем проблем ќе биде да се најде персоналот кои ќе процесира милиони визи“, - рече извршниот директор на Европската асоцијација на тур-оператори Том Џенкинс.