17 Мај, 2024
0.0262

Луксузот чини пари – компаниите за мобилни го знаат тоа

Објавено во: Стил 08 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Луксузната индустрија се повеќе се радува на своите специјализирани мобилни апликации, пишува сајтот Mosnar Communications. За разлика од стандардните апликации, насочени кон масовните корисници, луксузните имаат за цел да одговорат на барањата и вкусовите на богатите. Затоа кон овој вид на софтвер очекувањата се доста поголеми. Карактеристична црта на луксузните апликации е тоа што јасно ги делат корисниците на луксузни стоки од сите останати. Благодарение на тоа богатите плаќаат повеќе, како за самиот софтвер, така и за сето она што можат да го добијат. Всушност овој тип на апликации можат да бидат откриени во AppStore и во iTunes. За таа цел Apple обезбедува луксузен виртуелен пазар за посебните производи кои богатите можат да ги купат. Поради ова многу луксузни брендови избираат да ги достават апликациите исклучиво во App Store. Luxury Diffusuon App на пример го решава проблемот со собирање на сите вести поврзани со луксузниот начин на живот. Преку постојани надградби апликацијата им овозможува на корисниците да го следат протокот на вести за луксуз индустријата, кои доаѓаат од различни медиумски извори. На овој начин самите корисници се информираат во движење за најновите трендови во светот на луксузот. Друго олеснување што богатите можат да го користат во мобилните уреди е апликацијата Silvercar. Тоа му овозможува на корисникот да ангажира автомобил, без да мора да чека во ред. По повлекувањето на софтверот е потребна регистрација и креирање на профил. Самата апликација, пак, има за цел да се синхронизира целосно со животот на корисникот. Па тој може само да слезе од авионот и веќе да го чека возилото, кое го нарачал. Целосната погодност доаѓа од фактот дека тој може да го користи својот iPhonе за да го отклучи возилото. Откако ќе се качи внатре, пак, може да го поврзе смартфонот со Bluetooth и да слуша музика, која е на уредот. Од своја страна, Luxury Estate е апликација која им овозможува на корисниците да изберат меѓу 70 000 луксузни имоти, кои се продаваат во 65 земји во светот. Софтверот има за цел да им ги покажува на вистинските луѓе најексклузивните луксузни домови, кои во моментов се на пазарот. Во апликацијта влегуваат не само станови за богати, дизајнирани од најпознатите архитекти, туку и замоци, вили и убави куќи. К.К.