17 Мај, 2024
0.0496

Лондон воведува паметни зебри

Објавено во: Стил 09 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Грдоначалникот на Лондон најави нов проект за паметни пешачки промени, кои ќе бидат опремени со камери и сензори за сите луѓе да можат на време да го минат пешачкиот премин. Лонодн планира своите улици да ги направи уште по безбедни со тоа што пешачките премини ќе ги опреми со низа  сензори и други уреди. Градоначалникот Борис Џонсон најави дека ќе ги тестира паметните зебри, за кои вели дека никаде во светот до сега не биле тестирани. Паметната зебра има камери на семафорите за да се види дали има многу луѓе, со што автоматски ќе биде прилагодено траењето на зеленото светло за да имаат време да го минат патот. Во иднина истото ќе може да се прави и во обратна насока, па светлото би се гасело побргу ако сите ја преминале улицата. Системот ќе започне да се тестира само пред две станици на подземната железница, а ако се покаже како успешен ќе биде интегриран и на други локации.