18 Мај, 2024
0.0348

Лондон планира да ја бомбардира „Исламска држава“ во Ирак до март 2017 година

Објавено во: Свет 04 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Велика Британија има намера да продолжи со воздушната кампања против „Исламска држава“ во Ирак до март 2017 година, соопштува „Гардијан“.

Ескадрила од авиони „Торнадо“ (12 на број) на Кралските воздухопловни сили ќе продолжат да дејствуваат уште една година до март 2017 година, најави министерот Мајкл Фелин.

Ескадрилата од авиони-бомбардери „Торнадо“ GR4 мораше да биде распуштена минатиот март и да биде заменета со ескадрила борбени авиони „Тајфун“.

Но поради започнатата воздушна кампања уште во септември против „Исламска држава“ во Ирак, премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон најавил дека ескадрила ќе продолжи да ги исполнува посебните задачи уште 12 месеци - една година повеќе од предвиденото.

За време на посетата во Багдад, Фелин истакнал дека второто продолжување ќе обезбеди можности за „суштински прецизна огнена сила, интелигенција и мониторинг“, неопходно за операциите против „Исламска држава“.

Бомбардерите „Торнадо“ на Кралските воздухопловни сили одржаа стотици напади, помагајќи им на ирачките сили да ја одбијат „Исламска држава“ од курдскиот регион и клучните градови како Тикрит и Бајџи, додаде тој.

Сакаме да продолжиме да го одржуваме тоа клучно оперативно темпо и така ние ќе го продолжиме животот на 12-та ескадрила со уште година до март 2017.

Британските воени авиони дејствуваат од базата „Акротири“ во Кипар. Тие се опремени со бомби „Пеивуеи“ и проектилите „Бримстоун“. Заедно со беспилотните авиони извршиле повеќе од 1 100 борбени мисии над Ирак и повеќе од 250 воздушни напади.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто