19 Мај, 2024
0.0281

ДА ГИ НАУЧИМЕ УЧЕНИЦИТЕ ДА ЛОВАТ РИБА! − ИЗДАДЕН ПРВИОТ ПРИРАЧНИК ЗА ДРЖАВНА МАТУРА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Деновиве излезе од печат Прирачникот за државна матура по македонски јазик, прв од ваков тип во нашата држава. Прирачникот е во издание на издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО,  а автор е реномираниот професор Симон Саздов.

„Иако овој прирачник им е наменет, пред сѐ, на средношколците во завршната година на средното образование, материјалот што тој го содржи има поширока примена. Тој може да му биде корисен на секој ученик, на секој наставник што предава македонски јазик, на дипломираните студенти што се подготвуваат за полагање лекторски испит, како и на лекторите по македонски јазик. Секако, тој може да биде интересен за секој љубопитен читател“, изјавува професорот  Саздов.

  Од издавачката куќа, пак, велат: „Иако традиционално македонскиот јазик и литературата се изучуваат во рамките на еден наставен предмет, барем во основното и во средното образование, но и на некои универзитети, тоа се две подрачја кои претставуваат различна специјалност, односно претпоставуваат различна специјализираност. Во тој факт можеби и лежи особено големата потреба за прирачници од ваков вид токму за областа македонски јазик и литература. Имено, професорите кои го предаваат овој предмет се специјалисти или за граматика на македонскиот јазик или за литература. Дури и во постојните прирачници наменети за подготвување на средношколците за поуспешно полагање на државната матура може да се забележи голема несразмерност на страниците посветени на двете подрачја. Затоа, овој прирачник содржи материјал исклучиво од подрачјето македонски јазик. Имено, намерата на авторот е да ја намали таа несразмерност на тој начин што ќе се обиде да покаже дека граматиката не мора да биде нешто што по правило се доживува како неинтересно, сувопарно, тешко. За таа цел ќе понуди објаснувања и предлози кои, се надева, ќе им бидат корисни и на учениците и на наставниците.“ 

Самиот прирачник е, главно, замислен како практично помагало за учениците. Она што овој прирачник има амбиција да го направи е – да ја парафразира познатата поговорка – да ги научи учениците да ловат риба, а не да им сервира риба за еден оброк, колку и второво да го задоволува апетитот на најголемиот број ученици. Колку успешно ќе го направи тоа, останува да чуеме од неговите идни корисници.


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО