19 Мај, 2024
0.0264

Ликовна изложба „Звуци и еха“ на Анкица Влашиќ Гроздоска

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Најновото ликовно претставување на академскиот сликар Анкица Влашиќ ни го прикажува нејзиниот актуелен тематски интерес и  развивање на авторовиот веќе препознатлив стил, во комбинирана техника на платно/печатарска хартија, со инкорпорирање на колажна техника. Воедно, оваа изложба ја дополнуваат и кроки цртежи, со мали димензии и тие придонесуваат кон доловувањето на внатрешниот импулс, кој води кон формирање на покомплексни композиции.

Самиот наслов сугерира на примарниот мотив на ликовното изразување, како што и самата уметница вели:„Додавајќи импулсивно препознатливи елементи  и ликови направив една прошетка низ околината која ми донесе задоволство. Мојот ликовен израз секогаш го поврзувам  паралелно со околината  барајќи  ја  уметноста во самата себе“.

Како појдовна точка, и заеднички именител во сликарството на Анкица, се појавува доминантната црна линија, која во различен ритам и интензитет, ги создава фигуративните и апстрактно-асоцијативните слики.

Позадината е секогаш решена едноставно, минималистично колористички прикажана во сиво-бела плоха, врз која ги гради своите композиции, од кои секогаш еден сегмент е издвоен со густ нанос на боја – најчесто впечатлива е топлата жолта, но не изостанува и интензивно црвената, како и различни валери на сината, кои се појавуваат засебно некаде само како акцент на еден издвоен дел од сликата, додека во некои дела, преку играта на бои и форми, се визуелизираат елементите од секојдневното урбано живеење.

Но, крајниот резултат не е да се прикаже вистинската стварност, со реалистичен пристап во сликањето, туку суптилно, да се долови внатрешниот порив кон претставување на сликарската вистина на авторката која ја црпи својата инспирација за своите дела од околното македонско тло и од животните навики. И како што нагласува и самата уметница: „... играјќи си со ликовниот материјал можам да кажам дека уживав без очекувања во реализацијата“ доаѓаме до вистинскиот заклучок за проектираната целина.

Преку овој начин на техничка реализација на делата, и корелацијата на сликарските елементи и техники, пренесена е уметничката визија и мисла, која нам ни носи  едно ново, освежено психолошко пријатно перцепирање  на моменти од сегашноста и урбани исечоци од животот. Минливите мигови се  доловени преку овие ликовни записи и остануваат сочувани како глетки кои носат лична порака, но и лично доживување на самото постоење...

  Кустос / историчар на уметност:

   Елена Иванова

АНКИЦА ВЛАШИЌ ГРОЗДОСКА Е РОДЕНА 1981година ВО СКОПЈЕ, Р.МАКЕДОНИЈА. ДИПЛОМИРА 2005 год НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ‘’СВ.КИРИЛ И МЕДОДИЈ‘’ ФАКУЛТЕТ ЗА ЛИКОВНИ УМЕТНОСТИ, СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА. АКТИВЕН ЧЛЕН Е НА ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД 2008 год. ПОЗАДИ СЕБЕ ИМА НЕКОЛКУ САМОСТОЈНИ ЛИКОВНИ ИЗЛОЖБИ:                                   

2005 – САМОСТОЈНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ‘’СТИЛИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА’’ СКОПЈЕ 

2010 - САМОСТОЈНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ‘’СТИЛИЗАЦИЈА НА ПРИРОДАТА’’ ЗАГРЕБ 

2010 – САМОСТОЈНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ‘’ПЕЧАТ НА ВРЕМЕТО‘’ КАВАДАРЦИ, Р.МАКЕДОНИЈА 

2015 – САМОСТОЈНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ‘’СЕКВЕНЦА’’ ВИЕНА , АУСТРИА 

2016 – САМОСТОЈНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ‘’СЕКВЕНЦА ‘’ СКОПЈЕ, Р.МАКЕДОНИЈА 

2016- САМОСТОЈНА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ‘’PROMENADE’’ СКОПЈЕ,МАКЕДОНИЈА 

ИМА УЧЕСТВУВАНО ВО ГРУПНИ ПРОЕКТИ ВО СКОПЈЕ, ЗАГРЕБ, БЕЛГРАД КАКО И ГРУПНА ИЗЛОЖБА ВО NEW YORK 2007. 2010 Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ‘’КОНСТАНТИН МАЗЕВ –КОЦЕ ‘’ ЛИКОВНО ТВОРЕШТВО НА МАЛ ФОРМАТ, КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР, СКОПЈЕ, Р.МАКЕДОНИЈА .

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО