Лажен аларм создаде паника на аеродромот во Амстердам
Објавено во: Свет 06 Ноември, 2019
Холандската специјалната полиција го опколи авионот на амстердамскиот аеродром Шипхол, пренесуваат светските медиуми, но подоцна се дознало дека се работи за лажен аларм случајно активиран од пилотот.
Холандската полиција објави дека сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани од авионот.
Имало постапка што е вообичаена во итни случаи, кога постои опасност од поширок обем. Аеродромот беше затворен и повеќе амбулантни возила дојдоа на аеродромската писта.
Аеродромот Шипхол бил известен подоцна дека пилотот случајно го активирал алармот.