19 Мај, 2024
0.0267

„Last-minute“ зделка за спас: Нов живот за сопственикот на „Carrefour“

Објавено во: Балкан, Економија 26 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Колапсот на „Marinopoulos Group“ изгледа беше спречен откако синџирот направи „last-minute“ спасувачка трансакција во последната минута со конкурентот на супермаркети „Sklavenitis“ на кој му беше дадено зелено светло од одборот на „Alpha Bank“. Вчера „Eurobank“ одлучи да ги продолжи кредитните линии и да го спаси заглавениот синџир, пренесе „Ekathimerini“.

Синџирот на „Marinopoulos“ е основан во 1962 година и е најголемиот трговски ланец во Грција. До пред четири години, француската мултинационална „Carrefour“ претендираше за титулата најголем синџир супермаркети во Грција 50/50, преку заедничко вложување со „Marinopoulos“. Уделот на францускиот гигант сепак беше откупен од „Marinopoulos Group“ во 2012 година.

На крајот на јуни грчкиот конгломерат „Marinopoulos“ - сопственикот на “КМБ Бугарија“, компанијата која управува со франшиза на францускиот синџир „Carrefour“ за Бугарија, поднесе барање за стечај со долгови од 1,3 милијарди евра. Грчката компанија падна во тешки финансиски тешкотии во последниве години поради кризата. Уште тогаш таа размислуваше и разглдуваше варијанти за закрепнувачки план, вклучувајќи спојување со конкурентниот синџир во Грција „Sklavenitis“.

Вчера „Sklavenitis“ потврди дека ќе го откупи „Marinopoulos“, користејќи банкарско финансирање во рамките на 360 милиони евра. Наводно, предложениот план за реструктуирање вклучува 50% редукција на сумите кои „Marinopoulos“ им ги должи на снабдувачите.

Сега се очекува Народната банка на земјата и банката Пиреос да го одобрат договорот. Во оваа фаза се смета дека има мала веројатност за неуспех на преговорите, бидејќи прашањето веќе помина низ соодветните комисии на двете банки. Отсега „Sklavenitis“ ќе дејствува како стратешки инвеститор за „Marinopoulos Group“.

Зделката ќе биде пречекана со огромно олеснување, бидејќи големината на прометот на „Marinopoulos“ претставува околу 1 процент од БДП на Грција. Само во Грција за компанијата работат над 13 илјади луѓе. Ако таа не помине успешно во постапката за реструктуирање, сите тие можат да ги изгубат своите работни места.

„Carrefour Marinopoulos“ е основана во 1999 како заедничко вложување меѓу “Marnopoulos Group“ и францускиот синџир „Carrefour Group“. Во 2012 француската компанија се повлече од Грција поради должничката криза во земјата и намалувањето на потрошувачката.

Историјата на „Marinopoulos“ сепак датира од крајот на XIX век. Фирмата заминува со една мала аптека во Атина и со годините постепено ги проширува објектите и активностите. Во 1949 година групата се базира во фармацевтскиот конгломерат FAMAR, а во 1962 година го отвора и својот прв супермаркет.

Во почетокот на 2016 поточно во февруари, Carrefour стави клуч и на хипермаркетот во Скопје.

Како што знаеме Carrefour си замина со големи доглови кон своите добавувачи но и кон банките, кои веќе го покренаа активирањето на хипотеките за да си ги враќаат своите побарувања.

Сопственик на маркетот во Македонија како што јавуваа медиумите беше грчката компанија Маринопулос која ги купи Карфур маркетите во Грција, откако оваа француска фирма реши да го повлече својот бизнис од Грција.

Овој хипермаркет се простираше на површина од 4.650 квадратни метри и беше од најголемите во земјата.

На пазарот ја имаше конкуренцијата од Веро, Тинекс, Жито маркети, но тешко дека причината за затворањето лежи во конкуренцијата, особено што беше единствен ваков маркет во трговскиот центар. Подолго време компанијата пливаше во долгови, а рафтовите често беа празни, купувачите се помалку наминуваа.

Ова не е прв супер бренд кој си заминува од Македонија. Пред неколку години тоа го направи Мек доналдс, оставјќи исто како и сега Carrefour многу прашања зад себе.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?