Добивај вести на Viber
Потпретседателот на Владата на Србија Расим Љаиќ денеска изјави дека се очекува покачување на цената на струјата помеѓу 10 и 12 одсто.
Тој како гостин во ТВ Пинк потврдил дека ова покачување на сметките 400.000 загрозени семејства ќе го плаќаат по пониска цена.
Расим рекол дека покачувањето нема да биде толку колку што е планирано. И истакнал дека поради фактот бидејки скоро милион луѓе живеат под линијата за сиромаштија, не можел да дозволи поголемо покачување на цената, а да од друга страна не ја загрозил и соработнака со ЕПС, ниту пак дозволи ЕПС и Србијаш да банкротираат.
Според него многумина го искористуваат секое покачување на данокот за да ги покачат цените, и за некои и ова ќе биде некој вид оправдување. Додека за други тоа нема да важи, бидејки цената на струјата и гасот нема големо учество во финалниот производ како што многумина тоа и можат да го претстават. На прашањето за укинување на високите маржи за основните животни производи тој изјавил дека популизмот е основната болест на оваа држава, цената ја регулира пазарот.
Љаиќ најавил дека измените за законот за трговија овој месец ќе се најдат во собранието, бидејки на секој начин мора да се привлече капитал.