26 Април, 2024
0.0266

Лаф-муабет со Михајло Вангелов: Плачот на новороденчето е еден од најубавите звуци на овој свет, звук што ја исполнува душата

Објавено во: Стил 14 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Понеделничкиот лаф-мауабет има една цел - да ве разоноди, да ве оттргне од грубото секојдневие, односно бремето на денешницата, и вирусната пандемија и оружените конфликти, вклучително и економската состојба, егзистенцијата бидејќи не сакаме дополнително и ние да ве оптоваруваме со неубави работи, постапки. Напротив, желбата ни е да ве опуштиме, да ве ослободиме од тензии, па и накратко. Изборот на битолчанецот Михајло Вангелов - гинеколог акушер и советник на градското собрание за денешниот разговор не беше случаен, го избравме поради неговата позитивна енергија и таквиот став кон животот, сфаќањата или погледите, како и размислувањата околу него. Впрочем, не можеме да очекуваме инаков муабет со угледен човек за кој плачот на новороденчето е најубавиот звук на светот, нешто што ја исполнува душата. 

Со него разговаравме и за други нешта, од совладувањето на стресот, преку семејната поддршка, до „Stile Italiano“. И уште повеќе, како на пример за полтронијадата, миражот... Накусо, М. В. е омилена личност меѓу битолчаните и битолчанките и заради стручноста, но и поради неговиот ведар, здрав дух што е голема реткост во денешни, т.е. околности чија придавка нормални е дефинитивно и прашален збор. Наспроти демагошките побуди на многумина, битолскиот гинеколог акушер и советник на градското собрание признава дека никогаш не сонувал за успех. Просто или едноставно, работел за него. 

Гинекологијата и акушерството се Вашите фахови. Специјализиравте во Белград, таму и работевте извесно време. Зошто се одлучивте за српската метропола? Што Ве привлече, можеби престижот на болницата, нејзината стручност? Мислам на персоналот, кадарот. И кој е мотивот да се занимавате со нив, како медицински дејности?  

Вангелов: Гинекологијата е мојата љубов од најраната возраст, прекрасни примери, идоли ме воделе во таа замисла да станам гинеколог акушер. Самата помисла кога на свет носиш едно ново битие кое има своја душа, едноставно е непроценливо. Ние гинеколозите сме привилегирани со тоа што сведочиме за еден навистина посебен миг. Тоа е мигот кога времето застанува. Не е важно колку е часот, кој ден е. Наеднаш ништо не е важно освен новороденчето. Плачот на новороденчето е еден од најубавите звуци на овој свет, звук што ја исполнува душата. Специјализирав во Белград и едноставно Белград стана неизбежен дел од мојот живот, како да спушти сидро во моето срце засекогаш. Заминав во српската метропола сосема случајно, упатен од страна на Министерството за здравство со цел да завршам и да се усовршам во еден од најпрестижните центри за гинекологија и акушерство, а тоа е Гинеколошко-акушерската клиника во Белград. Најголемото родилиште на Балканот. Место за кое можам да зборувам само во суперлативи, почнувајќи од моите ментори - еминтентните професори, моите колеги и останатиот персонал. Место од кое научив премногу на професионален, но и на животен план, место каде што созреав како личност, ако можам да кажам така.

Според информациите, повеќето гинеколози акушери се мажи. По малку интригираат податоците, морам да признаам. Има причина зошто е така? Гледиштата се различни, поделени. Ќе ни кажете? Накратко. Сепак, доминантна е хуманата цел, иако не изостанува полемиката околу Хипократовата заклетва, генерално. Се говори дека многу лекари го игнорираат кодот, моралниот. Вашето мислење какво е?   

Вангелов: Знаете како, ако некогаш во 1950-тите, на светско нови, процентот на мажи гинеколози во однос на жени гинеколози бил 80:20, сега повеќе не е така. Можам да кажам дека на светско ниво тој сооднос е скоро израмнет. Знаете како, моралниот кодекс се занимава со морал, а моралот е нешто индивидуално. Има многу луѓе кои се слободни да изберат и да одлучат дали ќе го прифата моралниот кодекс. Меѓутоа, колку што гледам околу мене, сите мои колеги се придржуваат кон моралниот кодекс и Хипократовата заклетва, но секогаш има црни овци, така да кажам, што ќе бидат лош пример за сите во опшеството. Како се вели, на таквите нека им е на чест.

Чувството на одговорност е големо, првенствено за време на породувањето, меѓу другото. А, кога ќе заврши тоа, Ве молам опишете ја емоцијата, каква е? Дали брачните другари на пример, нивните партнери се таму во миговите на породувањето? Како реагираат? Мнозината се присутни, можеби го избегнуваат? Некоја интересна случка ќе издвоите?

Вангелов: Чувството на одговорност е огромно бидејќи одговарам за два живота, два живота се во моите раце. Тоа е момент кога се ствараат два нови живота бидејќи со раѓањето на детето се раѓа и мајката. Таа емоција во тој момент тешко може да се долови со зборови, едноставно може само да се доживее. Приватноста на пораѓањето треба да биде право на секоја идна мајка, а не привилегија. Амбиентот за време на раѓањето, како и присуството на партнерот и неговата поддршка заедно да ги доживеат најубавите моменти, искуства и сеќавања од раѓањето на нивното дете се важни елементи кои ги заслужува секоја родилка. Кај нас таа можност или привилегија родилките ја немаат, додека во Белград имаше доста случаи каде што брачните партнери присуствуваа на најубавиот, најсветиот чин, а тоа е раѓањето. Оттаму доаѓа и една комична ситуација, како да беше ископирана од холивудски филм. За време на едно раѓање, ако се сеќавам добро, пациентите беа од Јамајка, партнерот на родилката при самиот акт на експулзија на бебето изгуби свест и падна како покосен на земја. Ха, ха, ха!

Како излегувате накрај со чувствата, емоциите? Како се справувате со нив? Понекогаш знае и да се искомплицира текот или, пак, бебето да не биде најдобро. Можно е второто, да не го забележите во предпородилното време, односно период? Ладнокрвноста, присебноста е особено важна, претпоставувам. Друго?

Вангелов: За време на специјализацијата нѐ учеа како да се носиме со стресот и како да реагираме на стресните ситуации, адекватно. Нормално, искуството тука е клучната алатка. Знаете како, за време на пораѓањето водите грижа за два живота, животот на мајката и на бебето се во моите раце, а во акушерството никогаш нема правило дека 1+1=2, секогаш треба да бидете ладнокрвни и спремни за секакви изненадувања од страна на плодот или мајката каде што треба адекватно и брзо да реагирате. Најубавиот момент за мене е кога во очите на мајка ми ќе видам ода на радоста за тоа што го работам. Таа возбуда и вистинска радост поради доаѓањето на новиот живот е највозвишеното нешто на земјината топка и силна мотивација за сите нас кои сме привилегирани да учествуваме во тој процес. Досега во праксата сум имал драматични ситуации, тие се составен дел од работата, посебно кај оние што имаат голем обем на работа, но сите тие драматични ситуации кои сум ги имал завршиле успешно.

Целеото интервју на Машки магазин овде

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти