Курц ќе забрани бурки и ќе им најде „работи за едно евро“ на мигрантите
Објавено во: Свет 19 Август, 2016
Шефот на дипломатијата на Австрија, Себастијан Курц вчера се изјасни за законско воведување на забрана за носење бурки и воведување на општествено полезна работа за бегалците.
Курц планира овие измени да ги внесе во новиот закон за интеграција кој се подготвува. Тој планира да воведе таканаречени „работи за едно евро“ за бегалците, а кој нема да се согласи да работи општествено полезни работи, ќе има намалена државна социјална помош. Носењето на бурки, Курц не го смета за истакнување на верски симбол, туку за знак на „паралелно општество“ што Австрија нема намера да им го толерира на мигрантите. Курц вели многу е важно да се вработат бегалците, затоа што како што рече, „кој не работи, има време да размислува за глупави работи“.
Тој е голем критичар на мигрантските политики кои се водат во Европа.