17 Мај, 2024
0.0338

Куба не сака капитализам

Објавено во: Свет 20 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Ќерката на кубанскиот претседател Раул Кастро, Мариела Кастро, истакнала дека Куба и понатаму ќе ги брани своите социјалистички принципи и нема да се сврти кон капитализам само поради тоа што прифатила нормализација на односите со САД. „Народот на Куба не сака враќање на капитализмот“, рекла Мариела Кастро, пратеничка во кубанскиот парламент, отфрлајќи ја притоа можноста за слободен влез на американските компании во Куба. Кастро навела дека понекогаш луѓето кажуваат дека Фидел Кастро и кубанските лидери се тврдоглави. „Искуството нас, меѓутоа, не научи на нешто многу важно, а тоа е дека никогаш не треба да се одречеме од своите принципи“, рекла Кастро. Откако Куба во средата го пушти на слобода американскиот хуманитарен работник, Ален Грос, за време на размена на заробеници со Америка, претседателот на САД, Барак Обама, во обраќање до јавноста најави обновување на дипломатските односи со Куба, како и крај на „застарениот пристап“ што подразбира ублажување на економските санкции и рестрикции за патување. „Изолацијата не делуваше. Време е за нов пристап“, рекол Обама најавувајќи крај на полувековното непријателство. Истовремено на јавноста и се обрати и кубанскиот претседател Раул Кастро кој ја поздрави новата тенденција во односите со САД.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји