16 Мај, 2024
0.0303

Кризата во Турција нема да остане во Турција: Дали со лирата ќе потоне и нашата економија

Објавено во: Економија 14 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Работите одат на лошо, кризата во Турција нема да остане само таму. Ваков став имаат повеќе светски аналитичари, а глобално расте конфузијата околу ситуација во Турција. Лирата падно вртоглаво особено по одулката на САД да ги зголеми тарифите во трговската размена со земјата. Регионалните експерти велат дека кризата ограничено може да влијае и во Европа, но и во овој регион. Турција е пред рецесија, а некои познавачи сметаат дека светот е на раб на нова глобална криза. Оваа земја е голем глобален кредитор и всушност најизложени кон ризик ќе бидат земјите кои имаат свој долг кон земјата. Вкупните инвестиции од Турција во земјава изнесуваат 1,8 милијарди долари, а трговската размена меѓу Македонија и Турција изнесува над 400 милиони доалри. Турски капитал има во банкарскиот сектор, но и во повеќе други сектори.

Регионалните експерти велат дека попогодени економии ќе бидат тие кои имаат значајни трговски односи со Турција.

„Влијанието на турската криза врз Европа нема мора да значи дека ќе биде голема, повеќе е ограничено. Се работи за односи меѓу САД и Турција. Но неколку земји кои интензивно тргуваат со Турција како Италија на пример или некои други земји чии банки се изложени кон турските банки може да бидат загрозени, вели Дамир Новотни, економски аналитчар од Хрватска, поранешен советник на ХНБ.

Тој за Нова Тв изјави дека кризата е сериозна затоа што веќе десет години од претхдната финансиска криза во 2008 година, оваа земја не може да заздрави. Турција искористила евтини пари од Америка, приватниот сектор се задолжил па надворешниот долг во кој доминира приватниот сектор премина 250 милијарди долари. Мерките на Трамп само го забрзаа падот на лирата. Валутата падна и поради серија сомнителни фискални и монетарни одлуки на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Серија зголемувања на каматните стапки, направени од владата, не успеаја да го запрат нурнувачкиот процес на турската валута.

Инаку бидејќи кризата вклучува приватен, а не јавен долг, ММФ потешко може да оправда евентуална финансиска помош. Поради падот на лирата беше забележан пад и на светските берзи.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025