28 Септември, 2020
0.0192

КРИЗА ВО БЕЛОРУСИЈА: Светлана Тихановскаја избега во Литванија

Објавено во: Свет 11 Август, 2020

37-годишната поранешна наставничка по англиски јазик, oпозициска кандидатка за претседател на Белорусија, Светлана Тихановскаја, која го обвинува за изборен фалсификат, Александар Лукашенко кој по 6-ти пат стана претседател на Белорусија, побегна во Литванија. 

„Сама ја донесов одлуката…и знам дека многумина ќе ме осудат, ќе ме мразат“, изјави Тихановскаја.

Таа е без претходно политичко искуство, а влезе во трката откако нејзиниот сопруг, опозициски блогер, кој се надеваше дека ќе се кандидира за претседател, беше уапсен во мај. Сега, вели дека никој, ниту тој не и влијаел на одлуката да ја напушти земјата. Ова се случува во време на тензии во Белорусија. Втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година.

Земјата се соочи со крвави протести. Граѓаните се сомневаат во изборна измама. 

Има стотици повредени, а луѓето велат дека не е важно како гласаат, туку кој ги брои гласовите. 

Германскиот министер за надворешни работи Хajко Мас побара од Белорусија веднаш да ги ослободи уапсените демонстранти и новинари. Мас рече дека тие мирно протестирале користејќи ги своите демократски права.

фото Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

Тензии: Ерменија прогласи воена состојба

Тензии: Ерменија прогласи воена состојба

Екс сопруга на познат турски фудбалер платила 1,3 милиони долари за да го убијат

Екс сопруга на познат турски фудбалер платила 1,3 милиони долари за да го убијат

Украина жали: 22 кадети и офицери загинаа во пад на авион, двајца се борат за живот

Украина жали: 22 кадети и офицери загинаа во пад на авион, двајца се борат за живот

(ФОТО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ПАРИЗ: Двајца луѓе се избодени со нож

(ФОТО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ПАРИЗ: Двајца луѓе се избодени со нож

Коронавирусот создал мутација, ќе изгубиме способност да го контролираме?

Коронавирусот создал мутација, ќе изгубиме способност да го контролираме?

ПРВИ ВО СВЕТОТ: Град има колективен имунитет на коронавирусот

ПРВИ ВО СВЕТОТ: Град има колективен имунитет на коронавирусот

Кристијан Дростен тврди дека пандемијата сега ќе почне, а Германија не е подготвена

Кристијан Дростен тврди дека пандемијата сега ќе почне, а Германија не е подготвена

АКО САКААТ ДА ПИЈАТ КАФЕ, ДА ДАДАТ ПОДАТОЦИ: Сите гости ќе се проверуваат по список

АКО САКААТ ДА ПИЈАТ КАФЕ, ДА ДАДАТ ПОДАТОЦИ: Сите гости ќе се проверуваат по список

(ВИДЕО) ФРАНЦИЈА: Tројца мажи тепале жена на улица бидејќи носела кратко здолниште

(ВИДЕО) ФРАНЦИЈА: Tројца мажи тепале жена на улица бидејќи носела кратко здолниште