(ВИДЕО) КРВАВИ ПРОТЕСТИ ВО БЕЛОРУСИЈА: Една жртва и стотици повредени
Објавено во: Свет 10 Август, 2020
Стотина повредени, повеќе од 3.000 уапсени и една жртва има на протестите во Белорусија.
Во главниот град Минск како и во другите градови избрија протести на кои имало неколку десетици илјади луѓе.
Во големите градови ширум Белорусија избија протести откако долгогодишниот претседател Александар Лукашенко освои шести последователен претседателски мандат.
Околу 3.000 луѓе се уапсени во текот на протестите. Се протестираше во 33 градови, а станува збор за најкрвавите протести во историјата на земјата.Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко освои убедливо мнозинство од 80,23 отсто од гласовите, против популарната Светлана Тихановскаја, која освои 9,9 отсто.
Протести почнаа да се шират во земјата околу тврдењата дека има изборна измама
Изборите не беа набљудувани од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), бидејќи не добиле навреме покана.Тихановскаја изјави дека се смета себеси за победник на изборите, а не Лукашенко.
фото ЕПА