Костовски покрена иницијатива со која бара Заев да остане лидер на СДСМ
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021 17:43
Покрената e иницијатива со која се бара, Зоран Заев да остане лидер на СДСМ.
Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, преку социјалните мрежи покрена иницијатива за поддршка на Заев. Костовски апелира до сите социјалдемократи во државата за безрезервна поддршка за Заев да остане на лидерската позиција во партијата.
„Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ“, апелира Костовски.
Заев синоќа си поднесе оставка од премиерката и од партиската функција, и рече дека презема одговорност поради лошите изборни резултати на локалните избори. Оставката на Заев е топ тема во медиумите во регионот.Српскиот претседател Александар Вучиќ ги искоментира најновите случувања на македонската политичка сцена.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




