Вучиќ не верува дека Заев се повлекува само поради лошите изборни резултати
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021 16:47
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги искоментира најновите случувања на македонската политичка сцена.
Според него, не се работи само за резултатот од изборите, туку дека има и други причини за оставката на премиерот Зоран Заев. Тој вели дека оставката на Заев се должи и на разочарувањето од преговорите за членство на земјата во ЕУ.
„Рекоа дека ако го потпишат Договорот од Преспа, Северна Македонија ќе добие отворање на преговорите со ЕУ, а тоа не се случи“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк од Глазгов, каде што учествува на Самитот на ОН за климатските промени.
Тој рече дека по оставката на македонскиот премиер остануваат многу прашања како ќе се развиваат работите во следниот период, односно дали ќе се одржат нови избори или ќе остане сегашното мнозинство, дали ќе се промени односот кон Бугарија и дали ќе се влошат политичките услови во Македонија.
Заев се повлекува од функцијата претседател на Владата и на СДСМ.Вучиќ, Заев и албанскиот премиер Еди Рама преку „Отворен Балкан“ се стремеа кон поврзувања и олеснувања за граѓаните од овие три земји.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




