Оставката на Заев го „тресе“ Балканот
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021 08:50
„Зоран Заев поднесе оставка“. „Драма во Македонија, Заев се повлекува од функцијата“. „Премиерот на Македонија си даде оставка“. Ова се само дел од насловите кои осамнаа во медиумите од регионот.
Сите очи вчера а и денес ќе бидат вперени во Македонија, откако се случија значајни промени на политичката сцена почнувајќи од промената на власта и освојувањето на Скопје на локалните избори од страна на Данела Арсовска.
Оставката на премиерот Зоран Заев доаѓа откако неговата партија СДСМ загуби во вториот круг од изборите за градоначалници во повеќе градови во државата.
„Ја преземам одговорноста за овие настани, поднесувам оставка од функцијата премиер и претседател на партијата“, рече на прес-конференција Заев, чии социјалдемократи ја предводат владејачката коалиција.
Заев му честиташе на својот политички противник, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за победата на локалните избори.
Втор круг од локалните избори за градоначалници се одржа во неделата во општините каде тие не беа избрани во првиот круг.
Претходно, независната кандидатка за градоначалник Данела Арсовска, поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, прогласи победа и рече дека очекува Заев да поднесе оставка.
Заев претходно најави дека ќе поднесе оставка доколку кандидатот на неговата партија загуби во Скопје.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




