26 Април, 2024
0.0286

КОРОНАВИРУСОТ ГИ ЗАГРИЖИ КУМАНОВСКИТЕ ЧЕВЛАРИ: Будно следат што се случува во Италија

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Кумановските чевлари се загрижени затоа што коронавирусот се шири на италијанско тло, и велат дека каква било блокада на увозот или извозот ќе има штетни последици по нивното работење.

Лидија Милановска, претседателка на Здружението на чевлари вели дека околу 10 отсто од кумановските фирми извезуваат за Германија, а остатокот за Италија. Овие денови будно следат што се случува со коронавирусот, и велат дека идните денови ќе имаат појасна слика. Се надеваат на добри вести, но спротивно можно е да делат откази.

„Ние имаме соработници претежно во јужна и централна Италија, а коронавирусот се појави во северниот дел, иако и таму имаме соработници, но сепак се малку. Повеќето фабрики се во околината на Рим. Засега немаме некои најави во однос на нашето работење, но ако се случи некоја блокада, ќе имаме штети, ќе мора работниците да ги отпуштаме, затоа што и меѓу сезона тешко се издржува. Како ќе исплатиме плати ако не работиме? Италија ни е пазар број еден“, додава Милановска.

Во Куманово има околу 50 фирми кои се занимаваат со производство на чевли, а во овој сектор работат над 1.400 работници.

Ако состојбата со опасниот вирус ескалира, тоа ќе биде удар за овие компании. 

За чевларите проблем е што опасниот вирус се појави во Кина, бидејќи од оваа земја во други држави се  увезуваат потребните репроматеријали. 

Бројот на жртви во Италија се искачи на 11, откако во Ломбардија се потврдени уште четири смртни случаи од коронавирусот. 

Се зголеми и бројот на инфицирани, односно 322-ца луѓе. Освен во северниот дел на Италија, коронавирусот е регистриран и на југот од земјата. Во Тоскана е регистрирано едно заболено лице, исто како и во Палермо и во Лигуриа.

Италија останува најголемото жариште во Европа. 

Првите случаи се регистрирани и во Хрватска, Австрија и Швајцарија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите