ЧОВЕК СЕ ЗАРАЗИЛ ВО МИЛАНО: Коронавирусот се појави и во Швајцарија
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2020
Коронавирусот се појави и во Швајцарија.
Во кантонот Тесин денеска е потврден еден случај.
Анализите направени во лабораторија во Женева покажаа дека се работи за заразен со коронавирус.
Се заразил во регионот на Милано, на манифестација на 15 февруари.
Првите симптоми се јавиле неколку дена подоцна.
Човекот сега е задржан во болница, пишува Ле матен.
Болниците во земјата се подготвени.