17 Мај, 2024
0.0301

Континуиран пад на приходите на телевизиите и радиостаниците

Објавено во: Економија 30 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Во 2017 година во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во Македонија се остварени најниски вкупни приходи во последните пет години. Вклучително од 2013 година стапката на раст на вкупните приходи во индустријата секоја година била негативна, а анализата на пазарот на аудио и аудиовизулени медиумски услуги за 2017 година покажува дека приходите се намалиле најмногу во последната година, за 10,35 проценти.

Вкупните  приходи  што  во  2017  година  заеднички  ги  оствариле  сите  радиодифузери (Македонската  радиотелевизија,  54  комерцијални телевизии  и  70  радиостаници) изнесувале 2.608,84 милиони денари, а 54,48 отсто се вкупните приходи на комерцијалните телевизии  од 1.421,32 милиони денари. Приходите на МРТ од 1.037,49  милиони денари претставуваат 39,77 отсто, а приходите на  радиостаниците од  150,03  милиони  денари  се 5,75 отсто од  вкупните  приходи  на  сите радиодифузери. Речиси  90 осто од  овој  износ, приходите од рекламирање (53 проценти) и приходите н а МРТ од радиодифузна такса  и  од  средствата  префрлени  од  Буџетот  на  Македонија  согласно  членот  105  - финансирање на МРТ и членот 135  -средства за финансирање на радиодифузната дејност (37 отсто од вкупните приходи). Останатите 10 отсто од вкупните приходи во индустријата се приходите остварени по сите други основи.

Приходите од рекламирање изнесувале 1.383,61 милиони денари., од кои 90,04 отсто отпаѓа на  комерцијалните телевизии, 8,15 отсто на комерцијалните радиостаници, а 1,81 процент на МРТ.  Исто како и вкупните приходи, во 2017 година биле остварени и најниски приходи од рекламирање во последните пет години.Според анализата, истата година, петте телевизии кои емитуваат програма преку дигитален терестријален мултиплекс на државно ниво (ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат - М и ТВ Алфа), оствариле приход од 1,071.89 милиони денари.  Ова е најмал износ на вкупните приходи на овие пет телевизии во последните пет години.  Во споредба со претходната година приходите се пониски за 2,65 отсто.

Освен во 2014 година, кога биле остварени за 3,10 отсто  повеќе  приходи  отколку  во  претходната  година,  во  следните  три  години  во континуитет се намалувал износот на овие приходи, достигнувајќи  1.383,60 милиони денари во 2017 година.

Од рекламирање помалку приходи од рекламирање оствариле и јавниот и комерцијалниот сектор, односно, приходите на комерцијалните телевизии биле за 5,68 проценти пониски отколку во 2016 година, односно за 74,96  милиони  денари. МРТ  остварила приходи  понискиза  43,30 отсто  (19,15  милиони помалку), а комерцијалните радиостаници 20,93 отсто помалку од 2016 година (29,84 милиони  денари).

„Сите три сегменти од индустријата оствариле помалку приходи отколку во претходната година, и тоа МРТ за 152,34 милиони денари, комерцијалните телевизии за 118,87 милиони  денари, а комерцијалните радиостаници за 30,10 милиони денари. Повисоки  приходи  отколку  во  2016  година  остварила  само  ТВ  Телма  (за  31,02 отсто).  Останатите четири телевизии забележале пад на приходите и тоа: ТВ Алфа за 22,12 отсто, ТВ Алсат - М за 7,29 отсто, ТВ Сител за 4,55 отсто и ТВ Канал 5 за 0,64 отсто“, стои во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).


Вкупниот број на радиодифузери во 2017 година се намалил за шест. На почетокот на минатата година, покрај јавниот радиодифузен сервис, програма емитувале уште 134  радиодифузери (63 телевизии и 71 радиостаница), а на крајот на годината вкупно 128, од кои 58 телевизии и 70 радиостаници.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА