27 Јануари, 2020
0.0210

Конфликт во ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019



Кипар се заканува дека ќе стави вето на секој договор за проширување на ЕУ, објави Ројтерс пред денешниот почеток на состанокот на министрите за надворешни работи на 28 земји-членки за разговори околу почетокот на преговорите за членство на двете балкански држави - Северна Македонија и Албанија.

Според последниот заеднички извештај до кој Ројтерс имал увид, одлуката за овие две држави може да се одложи до октомври, за кога се очекува и германскиот парламент да го разгледа ова прашање. Земјите-членки на ЕУ се судриле повторно околу почетокот на преговорите за пристапување во Унијата со Албанија и Северна Македонија.

За време на состанокот, Кипар се заканил дека ќе стави вето на секој договор за проширување ако ЕУ не го изостри својот став за турското истражување на природниот гас во источниот Медитеран, пишува британската агенција.

"Имаше големо несогласување меѓу претставниците на земјите-членки и не е сигурно дека сите министри ќе можат да се согласат", рече дипломатот на ЕУ.

Кипар се закани дека ќе го блокира целиот текст, кој исто така се однесува и на идните изгледи на сите земји кои се залагаат за влез во Унијата, вклучувајќи ги и балканските земји Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, освен ако проблемот со Турција не биде решен.

Според дипломатите, Никозија бара заедничка позиција на ЕУ во врска со прашањето за истражување на природен гас во источниот Медитеран од страна на Турција, што, според кипарските Грци, тоа дејствие ја нарушува ексклузивната комерцијална област.


Можеби ќе ве интересира

Анелија Митрова: Да се искористи и потенцијалот на младите за иновации и социјално претприемништво

Анелија Митрова: Да се искористи и потенцијалот на младите за иновации и социјално претприемништво

Од денеска термални камери на скопскиот аеродром

Од денеска термални камери на скопскиот аеродром

МВР го знае администраторот на порнографската група ама не го кажува

МВР го знае администраторот на порнографската група ама не го кажува

И НА ВОДНО МОЖЕ ДА БИДЕ РИЗИЧНО - повреден планинар, а излетал и автомобилот што дошол да го спаси

И НА ВОДНО МОЖЕ ДА БИДЕ РИЗИЧНО - повреден планинар, а излетал и автомобилот што дошол да го спаси

На Вице Заев му пукна филмот: Ова во Ла Верита се конструкции и монтажи

На Вице Заев му пукна филмот: Ова во Ла Верита се конструкции и монтажи

Наќе Чулев ги предупредил полицајците во Шуто Оризари изборите да бидат мирни

Наќе Чулев ги предупредил полицајците во Шуто Оризари изборите да бидат мирни

Кои се видните „високи гости“ што членувале во порнографската група

Кои се видните „високи гости“ што членувале во порнографската група

Спасовски до опозиционерите: Престанете со калкулации и да го донесеме законот

Спасовски до опозиционерите: Престанете со калкулации и да го донесеме законот

Медена земја ниже награди

Медена земја ниже награди