17 Мај, 2024
0.0305

КОНЕЧЕН РЕЗУЛТАТ ЗА 2018-ТА: Индустријата еден од позитивните економски трендови

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Индустриското производство во текот на 2018 година забележа раст од 5,4 отсто во однос на претходната година. Индустриското производство забележа раст и на месечно ниво. Во декември 2018 во однос на декември 2017 година има раст од 7,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 4,6 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 6,1 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20 отсто.

Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на текстил, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај енергија за 23,9 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 4,6 отсто, капитални производи за 2,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,5 отсто, додека опаѓање бележи кај трајни производи за широка потрошувачка за 10,6 отсто.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија