30 Април, 2024
0.0251

КОМПАНИИТЕ ДОЛЖАТ ИСТО КАКО ЦЕЛА ДРЖАВА: Станува ли опасен долгот на фирмите во земјава?

Објавено во: Економија 17 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Најмногу должат кон банките, но имаат и други долгови. Економската криза лани го зголеми вкупниот долг на компаниите во земјава на вкупно 7,4 милијарди евра. Растот во сума не е можеби толку голем со оглед дека активноста на компаниите практично згасна во пандемиската 2020 година. Сепак неговото учество во вкупниот БДП е доста зголемено затоа што во годината што помина регистриран е значан пад на домашната економија, затоа стапката на корпоративниот долг изнесува 68,7 проценти од БДП. Инаку, прагот на ранливост за вкупниот долг во ЕУ изнесува 99 проценти од БДП.

„Во 2020 година, главен носител на растот на вкупната задолженост на корпоративниот сектор беше долгот кон домашните банки, додека надворешниот долг се намали, за првпат во последните десет години. Небанкарските финансиски институции и натаму имаат скромна улога во финансирањето на домашниот корпоративен сектор, а отсуствува и должничкото финансирање преку домашниот пазар на капитал, стои во Извештајот за финансиска стабилност од Народната банка.

Заклучно со вториот квартал годинава пак јавниот долг на државата достигна исто така 7,4 милијарди евра, што сега е 64,4 отсто од БДП или над мастришките критериуми. Ова значи дека корпоративниот сектор должи исто колку и државата.

Најголем дел од корпоративниот долг се кредити кон домашните банки. Анализата покажува дека најголем обем на кредити биле пласирани во текот на вториот квартал, што соодветствува со акутната фаза на пандемијата, кога компаниите имаа најголема потреба од дополнително финансирање. Бројките покажуваат дека вкупната задолженост на компаниите кон банкарскиот сектор на годишна основа се зголемил за 1,7 проценти и изнесува 28 отсто од БДП.

Инаку во Извештајот за финансиска стабилност стои дека банките имаат дадено кредити на 37,1 отсто од фирмите во земјава. Или повеќе од една третина од домашните компании имаат каков било долг кон некоја банка.

„Големите субјекти покажуваат генерално подобри резултати од работењето споредено со вкупниот корпоративен сектор, што пред сѐ се однесува на показателите за задолженоста (која е најниска) и профитабилноста во работењето, што позитивно придонесува за изложеноста на кредитен ризик на домашните банки. Малите и средните претпријатија остануваат најбројната група на кредитокорисници, при што речиси 60 отсто од вкупниот број активни мали и средни претпријатија имаат пристап до финансирање од домашните банки. Малите и средните претпријатија имаат нешто повисоко ниво на задолженост споредено со корпоративниот сектор во целина, но солидна ликвидност и профитабилност во работењето, велат од Народната банка.

Во текот на 2020 година, работењето на домашниот корпоративен сектор беше под силно влијание на пандемијата со корона вирусот. Овој неочекуван двоен шок, ги погоди речиси сите дејности. Од НБРМ велат дека ефектите се почувствуваа преку пад на приходите, што во услови на слаба ликвидност на домашните фирми, го зголеми ризикот од неисполнување на обврските и проблеми со отплатата на долгот на корпоративниот сектор.

Годината, според нив заврши добро, но сепак, можни се одложени ефекти, особено ако се земе предвид влошениот финансиски резултат со последици врз способноста на секторот за редовно намирување на обврските. Дополнителен ризик, стои во извештајот е истекувањето на антикризните мерки, коишто придонесоа за финансиската одржливост на корпоративниот сектор во претходниот период, како и евентуалното продолжено траење на здравствената криза, што би ја забавило динамиката на економското закрепнување. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи