19 Мај, 2024
0.0293

Комити: Наши членови не требаше да влегуваат во конфликт со граѓани кои не се навивачи

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Навивачката група „комити“ излезе со реакција по објавената снимка на која се гледа како по вчерашниот фудбалски натпревар на Вардар во Ѓорче Петров скандираат навредливи и заканувачки слогани до етничките Албанци во момент кога имаше свадбарски караван. Сепак од таму велат дека имало реакција од МВР кога ситуацијата беше на раб да ескалира во физичка пресметка. Веруваат и дека се работи за хајка против нив која е масло на вицепремиерот Артан Груби.

„Во Ѓорче Петров пред натпреварот со домаќинот десетина членови на нашиот подмладок влегоа во непотребен конфликт со група граѓани кои не се членови на навивачка група.

Комити Запад се најстара и најголема навивачка група која има свој етички кодекс. Заради истиот членовите кои беа дел од овој конфликт ќе се соочат со реперкусии. Но, исто така мора да напоменеме дека при самиот конфликт биле користени пиштоли и значки од МВР надвор од работно времe. Ова е уште еден доказ дека во МВР работите се трули. На Кале се вадеа лисици, во Ѓорче се вадат пиштоли. Имаме ли држава?!
Истовремено ги разбираме објавите на МВР дека најостро ќе реагирале, нормално, дун...а ги уценува политички, а овие бескичмењаци со расквавени колена и натртени задници им учинуваат на секој можен начин. Па така не брзаа да реагираат на трите случаи на убодни рани со ножеви користени од полтроните на дун...а изминатите денови, веројатно поради истите причини поради кои селективно реагираат.
Исто така полтроните на шверцерската ду..а Артан Груби побрзаа да промовираат некаква победа во изолираниот и од наша страна осуден и спречен инцидент, но ние не би дискутирале бидејќи тоа не беше навивачки судир.
Навивачките победи ние ги извојуваме таму каде што треба.Тие најдобро си знаат, а исто така и нивниот газда Артан Груби лично.

Да живее Вардар и Македонија !!!“, гласи реакцијата на „Комити“.

Министерството за внатрешни работи објави дека се идентификувани 16 навивачи на Вардар кои вчера беа снимени и објавени на социјалните мрежи како извикуваат „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ по натпреварот од фудбалската лига во Ѓорче Петров. МВР има нута толеранција за вакви случаи, рече гласноговорникот Сузана Праниќ Талевска пред медиумите. Кривичните пријави ќе бидат поднесени кога ќе бидат завршени сите оперативни активности и ќе бидат најостро санкционирани, најавува портпаролката.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична