17 Мај, 2024
0.0318

КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ВАКЦИНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ЌЕ СЕ АПЛИЦИРААТ ОД ДЕНЕСКА: Набавена е Influvac tetra, штити против четири вида грип

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Од утринава во центрите за јавно здравје ќе почне да се аплицираат комерцијалните вакцини против сезонскиот грип кои се наменети за граѓаните кои не припаѓаат во некоја од петте ризични групи, а сакаат да се заштитат против сезонската инфекција. Цента изнесува 800 денари. Медицинскиот кадар од Центарот за јавно здравје, за Фактор потврдува дека и оваа година ќе се дава француската вакцина, Influvac tetra, која создава имунитет против четири вида грип. Пунктот за вакцинација е веќе отворен, односно граѓани се примаат од 7.30  до 18.30, а термини нема, односно граѓаните ќе ја добиваат вакцината кој како ќе пристигне.

-Поради фактотот дека сме во пандемија на ковид, граѓаните сакаат да се заштитат и против сезонскиот грип, па ланското искуство ни покажува дека комерцијалните вакцини кои ги набавивме се потрошија веднаш. Тука имаше 4.000 вакцини кои за околу два часа беа потрошени. Очекуваме и оваа година вакцините против сезонски грип да се потрошат многу брзо, за разлика од изминатите години кога практично и дел од нив фрлавме, бидејќи интересот не беше толку голем, велат од Центарот за јавно здравје за Фактор.

Освен за Скопје, набавени се уште 7.000 комерцијални вакцини протов сезонската инфлуенца за останатите центри за јавно здравје во другите градови во Македонија.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на стартот на имунизацијата против грип, во петокот изјави дека се очекува за десетина дена да заврши. Освен тоа истакна дека сосема безбедно е да се примаат и вакцините против гип и против ковид истовремено.

– Без разлика дали е прва, втора или трета доза на вакцина против ковид-19 може да се прими во исто време со другата вакцина, а ако има временска разлика, нема никаква врска колкава е временската дистанца, нагласи во петокот министерот  Филипче.

Инаку, бесплатната имунизација против сезонски грип почна во петокот, а државцата набави 40.000 вакцини кои се наменети за граѓаните кои се во некоја од ризичните групи, постари од 65 години, хроничните болни, здравствени работници, бремени жени, децата на возраст од шест месеци до пет години. Тие добиваат термин преку сајтот vakcinacija.mk, како и преку своите матични лекари, а вакцините се аплицираат во поликлиниките на Здравствен дом-Скопје-во Идадија и Бит Пазар со полно работно време од 8 до 19 часот и во поликлиниката Ѓорче Петров само во втората смена од 13 часот.

Анита Буховски

ФОТО: YouTube Print screen

Можеби ќе ве интересира

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела