26 Април, 2024
0.0292

Командир од Полициска станица во Гази Баба сексуално вознемирувал полициска службеничка

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, во координација со Секторот за внатрешни работи Скопје, по добиено известување за сексуално вознемирување, ги изврши потребните проверки и изврши службени разговори со инволвираните лица во случајот при што констатираше дека лицето С.В (49) - командир на полициската станица од општа надлежност Гази Баба во текот на 2019 година во повеќе наврати, а последен пат на 07.11.2019 искористувајќи ја позицијата командир на полициска станица, сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата со непристојни предлози кои на крајот резултирале со закана кон неа поради одбивање на предлозите“, соопшти МВР.

При извршените контроли од страна на Одделот за внатрешна контрола, уште две други полициски службенички вработени во полициската станица Гази Баба пријавиле дека на ист начин биле вознемирувани од страна на командирот, но со оглед на времето поминато од случување на овие настани постои апсолутна застареност за донесување решение за изрекување дисциплинска мерка.

Воедно е констатирано дека на 30.05.2019, С.В командир на Гази Баба не постапил согласно планот за контрола на службите во ПСОН Гази Баба, а притоа не изготвил службена белешка во која ќе ги образложи причините поради кои не е постапено. Истиот ден командирот без да извести некој од претпоставените, со службено возило се упатил во с. Брњарци каде се задржал неколку часа.

„Со овие дејствија С.В.командир на ПС Гази Баба сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, согласно одредбите од член  208 ст. 1 точка 3,4,10 и 14 од Колективниот договор на МВР за што од страна на Одделот до Началникот на СВР Скопје е поведена иницијатива за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката. Истовремено до ОЈО за ГОКК е доставено барање за координација за натамошно постапување“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИТАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИТАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг