Колку загуби Северна Јапонија поради серијата од тајфуни?
Објавено во: Свет 28 Септември, 2016
Загубите на најсеверниот јапонски остров Хокаидо, нанесени од серијата неодамнешни тајфуни, се 278,6 милијарди јени или 2,47 милијарди евра.
Ова денеска го соопштија властите. Се забележува дека ова е најсериозната финансиска загуба во историјата на северниот јапонски остров, предизвикана некогаш од поплавите поради тајфун.
Вкупно пет тајфуни преминаа оваа година над Хокаидо. Тие предизвикаа масовни разурнувања и поплави на големи територии. Загинаа најмалку 18 лица, а стотици беа повредени. Лошото време донесе и сериозни проблеми за железничкиот и воздушниот транспорт.